El Mouradi Club Kantaoui**** - Port El Kanataoui

Хотелот El Mouradi Club Kantaui 4* се наога во туристичката зона на Port El Kanataoui, на пажа, на околу 2 км од пристаништето и 11 км од градот Соусе. Хотелот е колмплетно реновиран и е познат по своите дворови и пространи песочни плажи и живата , атрактивна атмосвера и клубски тип на забава идеален за активен семеен одмор, како и за спортистите,благодарение на бројните спортски терени. Освен тоа во склопот на хотелот се наоѓа и Хадрамут сала за конференции со капацитет од 1200 лица, и 10 различни простории за состаноци. Во главниот ресторан се служат оброци полупансионски ( ХБ ) или се вклучено (АЛЛ) услуга. Хотелот поседува уште два ресторана и 5 барова во централната зграда.


Соби:

Овој хотел ги сместува своите гости во 460 соби во централната зграда или во 344 бунгалови. Сите соби имаат балкон/тераса, купатило, клима уред, Сателитска ТВ, телефон и Сеф кој се наоѓа на главната рецепција во хотелот.


Содржини:

Хотелот има голем отворен базен, со одвоен дел за деца, затворен базен со џакузи, сауна, соби за масажа, фитнес центар. Во составот на хотелот се наоѓаат и седум тениски терени, професионален фудбалски терен, терени за мини голф. Во текот на целиот ден на гостите им е на располагање тим за анимација.


Галерија: